Отварам Фејсбук и гледам сите се во кафичот.
Одам во кафичот сите на Фејсбук.

– – – – –

Кој станува рано наутро, тој живее далеку од работното место.

– – – – –

– Знаеш ли колку многу народ умираат годишно поради алкохолот?
– А ти, знаеш ли колку многу народ се раѓаат годишно поради алкохолот?

– – – – –

Нема ништо поубаво на светот од тоа да ти крцка креветот до сабајле.

– – – – –

Македонската раса е најчита. Особено во недела.

– – – – –

Таа:
– Колку издржуваш во кревет?
Тој:
– Ако носиш храна и вода, можам да издржам и години!

– – – – –

Натпис во тоалет: Не е важно да трчаш, важно е да стигнеш навреме!

– – – – –

Колку и да го гмечиш ѓубрето во кантата, порано или подоцна ќе мора да го фрлиш!

– – – – –

Фактот дека медузите немаат мозок а постојат 700 милиони години ја враќа вербата во човештвото.

– – – – –

Јас не сум тажен, туку трезен.

– – – – –

Жените се непобедливи, бидејќи можат да те возбудат и да не ти дадат.

– – – – –

Попот:
– Ве прогласувам за маж и жена. Сега можете да си креирате заеднички профил на Фејсбук.

– – – – –

Јас лично си инвестирам пари во ракија. Каде на друго место можете да добиете 40%?

– – – – –

Има две причини, поради кои не му веруваме на некој човек:
1. Не го познаваме.
2. Го познаваме.

– – – – –

Да си осамен значи дека секогаш знаеш кој ги направил сите свињарии во куќата.

– – – – –

Кога преминувате улица не ги гледајте семафорите, туку автомобилите. Никој не бил прегазен од семафор досега.

– – – – –

Ме исфрлија од дома поради неоправдани отсуства.

– – – – –

– Сине, ти носеше ли девојки дома, додека јас и мајка ти бевме на пат?
– Не, тато.
– Тиквар!

– – – – –

Колку брзо лета времето, уште не сум се разбудил, а веќе сум задоцнил за работа.

Сподели на Facebook
пати видено