Некои од овие стари дрвја изгледаат прекрасно и величествено, и сѐ уште го обновуваат своето зеленило, додека други се исушиле и станале извртени, изветвени од пожари, ветришта и дожд. Како и да е, овие дрвја стојат како сведоштво за нивното преживување и нѐ потсетуваат за тоа колку краток е нашиот престој на оваа планета.

Метузалем, Инјо Каунти, Калифорнија

dr01

Метузалем е стар 4.840-годишен долговечен бор кој расте во Белите Планини во Инјо Каунти во источна Калифорнија. Многу години ова дрво се сметало за најстариот неклонски жив организам, сѐ додека приматот не му бил одземен со откритието на друг долговечен бор во 2013г. во истата област, коешто е старо 5.064 години.

dr02

Точната локација на метузалемското дрво се крие од јавноста за да се заштити од вандализам, и се знае само областа каде се наоѓа, како тоа дека расте на надморска височина од 2800 до 3000 метри.

dr03

dr04

Пандо, национален парк Фишлејк, Јута

dr05

Пандо, уште познат и како Треперливиот Џин, е трепетлика за која се претпоставува дека е стара 80.000 години. Се претпоставува дека дрвото има огромен коренски систем и севкупно растението тежи 6.600 тони, што го прави најтешкиот жив организам.

dr06

Секое стебло поединечно живее 40-150 години над земјата, но коренскиот систем на колонијата е долговечна, испраќајќи нови и нови стебла како што постарите умираат, ширејќи се околу метар со секоја година, понекогаш покривајќи и цели хектари земја.

dr07

Џаја Шри Маха Боди, Адурадапура, Шри Ланка

dr08

Џаја Шри Маха Боди е света смоква во Анурадапура, Шри Ланка. Се вели дека е јужна варијанта на дрвото Бод Гаја, под коешто Буда го доживеал своето просветление. Било засадено приближно во 288 г.пр.н.е. и е најстарото дрво засадено од човек во светот со познат датум на засадување. Денес тоа е едно од најсветите реликвии на будистите од Шри Ланка и е почитувано од будистите од целиот свет.

Старото Тико, Даларна, Шведска

dr09

Ова е 9.550 – годишна смрека за која се сметало дека е најстарото дрво во светот.

Лангернивска тиса, Велс, Велика Британија

dr10

Лангернивската тиса е древно дрво кое се распаднало и неговата срцевина е изгубена, останувајќи само со неколку огромни гранки.Дебелината на дрвото при дното изнесува 10.75 метри.

Јомпн Суги, Јакушима, Јапонија

dr11

Дел од светското наследство на УНЕСКО, Јомон Суги е најстарото дрво на островот и се смета дека е старо 2170-7200 години.

dr12

Сарв-е Абарку, Јазд, Иран

dr13

Сарв-е Абарку, наречено и „Зороастриски сарв“ е стар чемпрес во Иран. Се смета дека дрвото е старо најмалку 4000 години, живеејќи низ целата зора на човечката цивилизација која се појавила во негова непосредна близина. Многумина сметаат дека ова дрво е најстарото во Азија.

Алерке, Чиле

dr14

Во 1993 година во Алерке бил најден примерок на чемпрес во Чиле стар 3622 години, со што тоа е најстарото дрво од било кој друг жив вид на дрво, веднаш после долговечниот бор.

Маслиновото дрво од Вувес, Крит, Грција

dr15

Маслиновото дрво од Вувес е веројатно една од најстарите маслини во светот и се наоѓа во селото Ано Вувес на островот Крит, Грција. И покрај тоа, ова дрво сѐ уште раѓа маслини.

dr16

Точната возраст на дрвото не може да се процени, бидејќи срцевината со текот на вековите исчезнала. Но со анализа на годовите се утврдило дека е старо најмалку 2200 години, а некои научници од Крит сметаат дека е двојно постаро.

Патриарка Де Флореста, Санта Рита До Паса Кватро, Бразил

dr17

Веројатно најстарото неиглолисно дрво Бразил се проценува дека е старо приближно 3000 години. Неговото име значи „Патријарх на шумата.“

Светиот банјан, Џјотисар, Индија

dr18

Светиот банјан наводно бил сведок кога богот Кришна го донел учењето за кармата, и се смета дека дрвото е старо 5000 години.

dr19

Локалната традиција вели дека е разгранок на оригиналното дрво, така што не е сосема јасно дали ова дрво е толку старо колку што се тврди.

Сподели на Facebook
пати видено