Човекот, кој бил однесен во болница поради трансплантација на бубрег проговорил дилемата пред која бил исправен откако дознал дека донираниот бубрег можеби е заразен со ХИВ вирусот. Тони Гартсајд чекал со години за донација на бубрег, пред конечно да му се јават дека има достапни бубрег и панкреас. Откако ја примил веста во 3 часот наутро, морал веднаш од својот дом во Плајмут да се упати во Оксфорд на операција. Но откако пристигнал, му било кажано дека органите се од жртва на предозираност од дрога – и дека се потребни најмалку две седмици за да се утврди дали се заразени од СИДА. Гартсајд, кој сега е на четириесетгодишна возраст, бил роден со дијабетес тип 1, и неговите бубрези почнале да откажуваат кога имал триесет и две години.

t01

„Ме однесоа во една просторија и ми кажаа дека органите му припаѓале на човек кој се предозирал со дрога и ме прашаа дали сепак би сакал да продолжиме со процедурите.“ – вели тој. „Бидејќи човекот починал од дрога, тие не би можеле да бидат сигурни дали не бил заразен со ХИВ, а за резултатите од тестовите би биле потребно да се чека две недели. Беше многу страшно да бираш помеѓу тоа да кажеш да или не, после долгочасовното седење во задниот дел на амбулантната кола. Си помислив, дали да ризикувам и да кажам да, или да кажам не и да чекам уште осумнаесет месеци или можеби и подолго? На крајот сепак се решив да ја направам операцијата.“

Трансплантацијата траела десет часа. По операцијата со денови му било лошо, не можејќи дури ни да стои исправено, а исто така бил загрижен и поради можноста да е заразен со ХИВ. Две недели подоцна, резултатите биле готови – и на негово олеснување, биле негативни. После извесно време, конечно успеал целосно да закрепне. Гартсајд вели: „Сега здравствената состојба ми е значително подобра. Просто не можам да опишам колку добро се чувствувам. Ова е втора шанса и засекогаш ќе бидам благодарен на родителите на донаторот за нивната одлука.“ Сега тој формирал група за поддршка на пациенти на кои мора да им се изведе трансплантација, којашто на овие пациенти им пружа поддршка за време на процедурата.

Тој објаснува: „Докторите имаат лекарско искуство и можат да предвидат што ќе се случи за време на операцијата, но немаат реалистичко објаснување за тоа што ќе се случи со пациентот. Затоа е добро пациентот да може да поразговара со некој кој веќе минал низ тоа. Трансплантот направи да посакам да му помогнам на некој за возврат.“

t02

Минаата година двајца пациенти од Велс починале откако им биле пресадени бубрези инфицирани со паразитски црв. На Дарен Хјуз, 42 и Роберт „Џим“ Стјуарт, 67, им бил даден по еден бубрег од пациент кој го носел смртоносниот вирус во органите кога починал. Докторите не знаеле дека донаторот го носел црвот познат како Халицефалобус, кој живее во почвата, но се среќава и кај коњите.Веднаш по операцијата, состојбата почнала да им се влошува и починале пред Божиќ. Двајцата мажи се едни од единствените пет случаи во светот кои починале од ваква инфекција.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено