Дали некогаш сте посакале навистина да можете да отидете во паркот Јура, но потоа ќе се сетите дека рапторите јадат луѓе? Па, сега би можеле да се дружите со предисториски суштества со нешто помалку опасна природа. Местото се нарекува „Езерото Јура“ и се наоѓа во Тајланд. Езерото Јура е популарно катче кај риболовците, што воопшто не е некое изненадување, бидејќи таму може да се улови огромна, диносаурска риба.
Една од најголемите големи риби (а сите се прилично големи) е рибата арапеима. Оваа риба може да порасне до 4.5 метри. Нејзината природна средина се наоѓа во Јужна Америка, кадешто се соочува со истребување, па затоа е пренесена и во други тропски области како Тајланд. Понекогаш во средините коишто не се нинво живеалиште е дозволено да се ловат овие риби, бидејќи се смета дека тоа е добро за околината.