Лучијано Пиа, ахитект од Италија, има прекрасна визија за тоа како луѓето и природата можат да живеат заедно дури и во целосно урбан пејсаж. 25 Верде, станбен комплекс кој тој го дизајнирал во Торино, е петкатница која е спој помеѓу раскошни дрвја и челични носачи кои ќе направат луѓето кои живеат во неа да се почувствуваат како да живеат во џиновска урбана куќичка на дрво.
Секој чекор при дизајнирањето на зградата бил направен имајќи ја предвид интеграцијата со природата. Органскиот и асиметричен облик на терасите овозможува засадените дрвјата на различни интервали да ги шират своите крошни. Езерцата во дворот пружаат освежувачко место за одмор во лето, а 150-те листопадни дрвја кои зиме ги губат лисјата му овозможуваат на светлото да се пробие за време на помрачните месеци. Зградата помага градот да биде почист и ги изолира своите станари од градските звуци и мириси кои ги опкружуваат.
Зградата која била завршена во 2012 г. се наоѓа на Виа Кабрера 25 во Торино, Италија, и можете да ја разгледате и на Гугл мапс.