На еден човек од Чонгкинг, Кина, му било вратено мило за драго откако буквално исклоцал куче од неговото место за паркирање со една чудна, но сепак соодветна одмазда.
Кучето подоцна се вратило со неколку свои пријатели да му ја уништат колата, гризејќи му ги браниците, шасијата и бришачите.
Возачот никогаш не би претпоставил дека тоа го сториле кучиња, ако не бил соседот кој вознемирен од вревата решил да ги фотографира кучињата хулигани. Кој мислите дека е во право – кучето или возачот?