Дали некогаш сте копале некаде, барајќи некое скриено богатство? Некои луѓе наоѓаат, повеќето не, но овие деца нашле нешто на што воопшто не се надевале. Момчињата од Калифорнија копајќи налетале на нешто големо, направено од метал.
Продолжиле да копаат и не можеле да си поверуваат на очите кога виделе дека откопале – Ферари!
На само неколку метри под површината на нивниот двор нашле Ferrari Dino 246 GTS од 1974г. Нивните родители веднаш ги повикале властите. Тој што ја закопал очигледно планирал да се врати по колата. Била „мумифицирана“ со платно и самолепливи ленти, за да се спречи оштетување, но еден од прозорците не бил добро затворен, поради што во внатрешноста имало сериозна штета.
Како се нашла таму? Со помош на осигурителниот број се идентификувал последниот сопственик. Се испоставило дека човекот најмил крадци да му ја украдат колата и да ја фрлат во океанот за да добие отштета од осигурувањето. Но наместо да ја флрат во океан, крадците решиле да ја закопаат и кога ќе биде погодно, пак да ја откопаат.
Автомобилот бил даден на аукција и купен од страна на еден млад механичар за 9000 долари.