Во четврток, на 12 март, со почеток во 20 часот, во ликовната галерија при МКЦ во Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на еден од највпечатливите македонски уметници во моментов, Ване Костуранов, насловена како Улица љубов”.

stolo

 

Постановката содржи дваесетина дела работени во техниката акрил на платно. Ќе бидат изложени куќи и цели улици, кои никнаа на платната последнава година. „Радост ми е што имам можност да ги споделам овие дела со скопската публика“ вели авторот Костуранов. Изложбата ќе ја отвори поетот Никола Маџиров, кој вели: „Куќите на Ване Костуранов изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост. Во неговите животворни улици, куќите се вертикали на присуството во потрага по свој дом“.

Инаку, Ване Костуранов е сликар, роден 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство петнаесетина години. Учествувал на повеќе групни изложби, а има реализирано и 9 самостојни. Уште, како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.

Кликнете овде за деталите за настанот.

vesela ulica

vljubeni do neboto

Сподели на Facebook
пати видено