Сте слушнале ли за зборот „фалоцентризам“. Еве ви можност да научите дваесееттина нешта повеќе за тоа.
1. Ако пушите, ќе ви се смали пенисот
Пушењето ги калцифицира крвните садови ограничувајќи го протокот на крв и правејќи машкиот полов орган да се собере до цел еден сантиметар. Немојте да кажете после дека не сме ви кажале!
2. Најголемиот пенис во светот е голем 34,29 сантиметри
Њујорчанецот Џона Фалкон е гордиот сопственик.
3. Згодните мажи имаат поздрава сперма
За време на едно истражување во Шпанија, на повеќе жени им биле покажани слики со мажи и од нив било побарано да ги рангираат според нивната привлечност. Се испоставило дека мажите кои овие жени ги избрале биле со најздрава сперма.
4. Бебињата добиваат ерекции додека се во утробата
5. Ерекции добиваат и мртовците.
6. Од кожата на обрежаните момчиња, докторите можат да израснат кожа за пресадување на жртвите од изгореници.
7. Бројот на чевлите нема никаква врска со големината на пенисот.
Како ни големината на раката. Нема никаков показател за големината на нечиј пенис, освен самиот пенис.
8. Статистички гледано, незадоволството на мажите во врска со големината на нивниот пенис најчесто нема врска со големината на нивниот пенис.
Според научен труд објавен во „Журнал на сексуалната медицина“, триесет отсто од мажите се незадоволни од големината на нивната машкост (во споредба со 35 отсто кои се задоволни), но се испоставило дека нивните пениси не се помали од пенисите на задоволните. Истражувањето не вели ништо за тоа од каде доаѓа ова незадоволство, но се заклучува дека депресијата и анксиозноста кај мажите најчесто е поврзана со нивното мислење за големината на нивниот пенис.
9. Според анкета на Светската здравствена организација во 2007, 30 отсто од мажите на 15-годишна возраст се обрежани.
Во Америка 80 отсто од мажите се обрежани. Опсесијата на Американците со обрежувањето почнала во деветнаесеттиот век, како начин да се спречи мастурбацијата.
10. Кралот Луј XVI ја раширил модата на обрежување
Луј бил обрежан поради претесна кожичка на пенисот, но и покрај тоа, останатиот дел од француската аристократија сакала да биде како него, па го следеле неговиот пример.
11. Спермата содржи малку калории
Една кафена лажица сперма содржи од 5 до 25 калории. Се состои од лимонска киселина, амино киселини, фруктоза, ензими и вода.
12. Има два вида на пениси
Пениси кои се издолжуваат и прошируваат за време на ерекција и пениси кои остануваат со истата големина како и во нееректирана состојба.
13. Во просек мажот има 11 ерекции во рамките на 24 часа
Девет од нив се случуваат ноќе. Мозокот има механизам за „автоматско одржување на пенисот“ која предизвикува ерекции за време на РЕМ фазата. Кога не би било ова, пенисот би се намалил за два сантиметри, а никој не го сака тоа.
14. За време на својот живот, мажот ејакулира во просек 7200 пати.
Во просек 2000 од нив се при мастурбација.
15. Во просек сексуалниот однос трае две минути и педесет секунди.
16. Чувствителноста на пенисот опаѓа со годините, почнувајќи од 25-тата година.
17. Германците најмногу се подложуваат на процедури за зголемување на пенисот.
18. Во просек дневно се случуваат 100 милиони сексуални односи во целиот свет.
19. Едниот тестис виси подолу од другиот за да не се судираат. Особено при трчање.
20. Исхраната влијае врз вкусот на спермата.
21. Пенисите всушност се двојно подолги отколку што мислите дека се.
Половината од пенисот се наоѓа во внатрешноста на телото. Целиот пенис при сексуален однос во мисионерска поза има облик на бумеранг.