Челичната завртка веројатно е едно од нештата кои во себе содржат најмалку чувство или човечност, но Тобе Малмс не мисли така. Овој шведски ковач од Осло и најобичните завртки, навртки и други ситнурии знае ги претвори во човечки форми, кои и покрај нивните едноставни облици, изгледаат како полни со чувства.
На неговата веб страница ковачот објаснува како се родила идејата за серијата уметнички дела наречена „Поезија на завртки; „Завртките се од една стара фарма во срцето на Бергсладен во Шведска. Ги најдов во една штала…Завртките ме потсетија на човечки форми, и почувствував потреба да изразам нешто со нив. Ги вжештував, ковав и виткав, обидувајќи се да создадам односи, состаноци и ситуации од кои извираат приказни со така, среќа, болка, топлина и хумор. Се создаде еден вид поезија, оттука и насловот на серијата.“