Дали во моментов посакувате да сте каде и да е, само не во вашата канцеларија? Дали сакате да отпатувате на некој далечен остров, сами?

Можеби би требало да ги земете предвид Фарските острови. Ним им е потребен прилив на население. Не зборувате старонордиски јазик? Фарските острови целосно го заслужуваат вашиот труд да го научите овој јазик.

Гасаладурските водопади на островот Вагар

fr01

Фарските острови се наоѓаат во зафрлено катче од светот, северно од Шкотска, кадешто Норвешкото море се граничи со Атлантскиот океан.

Клаксвик после зајдисонце

fr02

Звучи студено, нели? Но всушност и не е толку лошо. Островите ги заплискува северноатлантската струја, што придонесува за умерената клима. Зимите се особено благи ако имате предвид колку на север се наоѓаат.

Поглед од Скопунарфјордур кон Колтур, Стрејмој и Сандој

fr03

Нема многу дрвја. Поради некоја причина, на дрвјата не им оди добро на Фарските острови.

Во последно време експериментираат со увезени дрвја од слични островски околини, како Тиера дел Фуего. Да се надеваме дека ќе им успее.

Овци на островот Борѓој

fr04

Во недостаток на дрјвја, барем имаат овци. И тоа многу. Името на островите буквално се преведува во „Овчи“ острови.

Егзотични птици на островот Микинес

fr05

Островот изобилува со прекрасни егзотични птици.

Градот Клаксвик

fr06

Во блиските води скитаат и многу китови. Островите се едни од ретките места на светот кадешто можат да се видат ретките црни делфини.

Стрмните карпи на Стрејмој

fr07

И покрај нивната оддалеченост, Фарските острови се одамна населени. Најверојатно за прв пат биле населени од ирски пустиножители и норвершки фоармери во 4. в.н.е.

Светилник на Микинес

fr08

Викинзите ги контролирале островите низ целиот среден век и подоцна. Тоа било голема база за нападите на Шкотска и Ирска.

Панорама од Клаксвик

fr09

Старонордискиот, кој бил јазикот на Викинзите, е основата на фарскиот јазик, кој сѐ уште е мајчин јазик на жителите.

Пристаништето Торшавн

fr10

На училиште учат дански, бидејќи Фарските острови се под надлежност на Данска.

Селото Гјогв

fr11

Данската власт сепак е само симболична и номинална; Фарските острови практично се самостојни и имаат свои претставници во Данска и Европската Унија.

Селото Лејнар

fr12

Островите претходно биле владеани од Норвешка и Велика Британија

Островот Вагур

fr13

Норвешка ги наследила Фарските острови од Викинзите и го задржала господството над нив сѐ додека Данска не ги освоила во почетокот на 19. век.

Фарски водопад

fr14

Велика Британија ги освоила островите за време на Втората светска војна

Кога Данска паднала под нацистите, Британците не сакале Германците да имаат контрола врз толкав простор во нивна непосредна близина поради што повеле акција да го спречат тоа. По војната пак ѝ ги вратиле на Данска.

Залив во Асмундарстакур

fr15

Британците им оставиле специјален подарок од своето владеење: аеродром.

Не е којзнае колку голем, но значително го подобрил пристапот до далечните острови.

Каскади на Сидрадалур

fr16

Бројот на население на сите острови заедно изнесува околу 50.000.

Облаци над Литла Димун

fr17

Само еден остров не е населен. Островот Литла Димун е сепак премногу мал за да биде погоден за постојано живеалиште.

Карпите на Асмундастакур

fr18

Иако островите имаат една од највисоките стапки на прираст на населението, тие исто така имаат една од највисоките стапки на одлевање на младото население. По завршувањето на средното училиште, повеќето млади луѓе заминуваат во Данска во потрага по нови можности.

Куќи во Торшавн

fr19

Иако во последно време им оди добро, нивната економија доживеала крах во седумдесеттите и осумдесеттите години, откако меѓународните правила за риболов ја десеткуваа нивната основна дејност.

Мочуришта во Гјогв

fr20

Во моментот нивната економија се крепи на резервите на нафта, но исто така се во потрага и по нови индустриски капацитети.

Главниот град Торшавн, на островот Стрејмој

fr21

А сепак, жителите на Фарските острови не се толку благосклони кон преголемото комерцијализирање и трговските синџири.

На островите има само еден претставник на таков синџир – еден и единствен Бургер Кинг кој се наоѓа во главниот град.

Поглед од височина

fr22

Наместо поп култура, островјаните љубоморно си ја чуваат нивната традиционална фолк култура. Особено се успешни во поезијата. Во изминатите два века се случува вистинска книжевна ренесанса – најчесто на фарски јазик, во чест на подзаборавениот јазик, но и како начин да се одржи јазикот во живот.

Поглед од островот Сидрадалур кон Колтур

fr23

Народните песни и танци се популарни слободни активности при кои често се покажуваат традиционални костуми за чијашто изработка понекогаш се потребни години.

Црква во селото Виѓареиѓи

fr24

Традиционално островјаните се христијани. Тие биле конвертирани во првите бранови на скандинавското и британското покрстување.

Залив на островот Есторој

fr25

Фарските острови се единствениот дел на Скандинавија кадешто нема заживување на паганството. Што е доста чудно, со оглед на нивната приврзаност кон старите традиции и јазик.

Црква на островот Ејстурој

fr26

Наводно, островите еднаш ги посветил Св. Брендан. Но иронично, тие најмногу го слават Св. Олаф, светецот заштитник на Норвешка, кој христијанството од Медитеранот го пренел на север.

Виножито над Колтур

fr27

Денот на Св. Олаф е 28. јули, но островјаните го претвориле овој празник во тридневен фестивал на игри, танци и читање поезија.

Секој издвојува значителен дел од своето работно време да учествува во парадите и гозбите. Ако некогаш се решите да ги посетите Фарските острови, тоа е најдоброто време во годината. Во остатокот од годината не се случува ништо којзнае колку спектакуларно. Освен ако не сакате да гледате овци.

fr28

Сподели на Facebook
пати видено