Папата бил многу болен и никој не можел да го излекува. Кардиналите повикале еден многу стар и искусен доктор, кој им бил препорачан како единствена и последна шанса. По долг преглед докторот им соопштил на кардиналите:
– Имам добра и лоша вест. Лошата вест – Папата има ретка болест на тестисите. Добрата – може да се излечи само со секс.
Кардиналите, збунети од третманот, му објасниле на Папата. Тој им рекол:
– Ќе се согласам со тоа, но само под четири услови!
Кардиналите шокирани:
– Кои се условите?
– Прво, девојката треба да е слепа, за да не може да се види со кого има секс. Второ, мора да е глува за да не може да се слушне со кого има секс. Трето, треба да е глупа, и во случај да разбере со кој имала секс, но да не може да раскаже!
По кратка пауза, кардиналите прашале:
– А што е четвртото?
– Големи цицки!