Се работи за живописен, добро испланиран и прецизно дизајниран град со паркови, широки улици и убави мали куќички. А стои празен. Еден друг град, недовршена копија на Менхетен, е тивок како гробница. Вистински градови на духови во Кина.
Добредојдовте во Кангбаши
Убавиот град Кангбаши бил изграден за време на процутот на трговија со јаглен во регионот Ордос. Ордос се наоѓа во внатрешноста на Кина, близу Монголија.
Балонот пукна
Набргу цените на јагленот паднаа многу ниско. Денес јагленот се продава по најниската цена во историјата.
Капацитет
Кангбаши бил изграден да вдоми околу 500.000 луѓе.
Залуден труд
Народниот театар и културниот центар се прекрасни зданија од архитектонска гледна точка, но нема кој да ги посети.
Невообичаени околности
Многу од луѓето кои сепак живеат во овој град на духови живеат на по малку невообичаен начин. Сопствениците на рестораните не плаќаат нкаква кирија. Владата им дозволува бесплатна употреба на зградите за работниците во градот да имаат каде да јадат.
Малку можности
Една од функционалните продавници која ги храни работниците во градот. Во неа се вработени работници од други краишта.
Но градењето продолжува
Во новиот дел од градот се продолжува со градењето – а никој не знае зошто.
Планиран рај
Прекрасниот град има сѐ што некој би можел да посака – театри, музеи, спортски терени, канцелариски згради, куќи од секаков вид – а сите стојат празни.
Празнина
Џингис Кан владее со празниот плоштад „Џингис Кан“.
Град на духови
Насекаде има огласи со натпис „Се издава“. Речиси ништо не е продадено уште од времето кога градот е изграден.
Ниска населеност
Се проценува дека во Кангбаши во моментот живеат 20.000 до 30.000 луѓе, помалку од 10 отсто од неговиот капацитет.
Пустелија
Огромните празни згради се како од сцена од научно-фантастичен филм.
Никаков сообраќај
Добра работа околу тоа да се живее во пуст град е што возењето до работното место е непречено.
Без минато, без иднина
Дали луѓето го напуштиле овој град поради нуклеарна катастрофа? Зомби? Не. Зградите никогаш не биле населени.
Празни домови
Модерните отмени згради се празни.
Дом за скитници
Во ходниците на некои згради живеат скитници.
Општествен простор без општество
Нема кој да ужива и да се опушта на големите и убаво уредени шеталишта и рекреативни центри.
Другиот Менхетн
Друг регион – иста приказна. Јуџиапу се наоѓа во Тианџин Бинхаи, но нема причина да го посетите. Целото место е пусто и незавршено.
Големи сништа
Ова требало да биде центар на финансискиот свет, и бил осмислен да изгледа како Менхетн.
Уривање на соништата
Денес градењето е речиси целосно запрено. Многу инвеститори се повлекле од проектот. Другиот Менхетн е незавршен, неупотребен и полн со неостварени соништа.