Мажот и жената започнуваат кавга уште на појадокот. Мажот изнервиран и вели:
– И во кревет не си ништо посебно!
Во текот на денот, сепак решава да и се извини и ѕвони дома, но никој не крева. Малку подоцна повторно врти и се јавува жена му.
– Колку време вртам, зошто не креваш? Што правиш?
– Во кревет сум, чекам второ мислење…