Една жена и се жали на пријателката:
– Мажот ми е одвратен! Нон-стоп зборува за неговата мајка – мама ова, мама она, мама така готви, на мама она и се допаѓа…
– Треба да го потсетиш дека и ти си жена, та да ти обрне внимание. Облечи нешто секси и изненади го.
Вечерта мажот се враќа дома, а жена му го чека во црна чипкана долна облека, црна проѕирна наметка и црни ракавици. Мажот извикува:
– Оф леле! Целата си во црно! Да не и се случило нешто на мама?