Каубој јава низ преријата. На патот стои жена и му мавта за да застане. Тој застанува и ја качува зад себе на коњот. Јаваат понатаму и жената се обидува да го заведе:
– Колкав голем коњ имате!
– Да, јас сум од Чикаго, а таму се ни е големо.
– А колкава голема капа имате!
– Нели ти реков, јас сум од Чикаго, а таму се ни е големо.
– И колкав голем пиштол имате!
– Веќе ти реков дека сум од Чикаго, а таму се ни е големо.
Стигнуваат до едно гратче, се сместуваат во хотел, преспиваат заедно. Наутро жената со разочарување вели:
– Нели велеше дека во Чикаго се ви е големо?
– Па, јас од каде да знам дека и ти си од Чикаго…