Многу моменти во историјата на човештвото го промениле начинот на кој луѓето размислуваат за светот околу нив. Фотографите ја извршуваат тешката работа обидувајќи се да ги сликаат тие историски пресвртници во моментот кога се случуваат. Без разлика дали биле свесни за тоа или не, тие во еден замав го смениле начинот на кој историјата билазапомнета.

Сите овие фотографии снимиле нешто уникатно. Некои се инспиративни, некои вознемирувачки, но сите се документи за важни историски моменти.

1. Елиот Ервит фотографирал јавни фонтани во Северна Каролина, посочувајќи кон прашањето на сегрегацијата во американскиот југ.

sl01

2. Оваа фотографија со млада жена која седи крај нејзиниот убиен пријател стана симбол на трагичниот масакр во Кент Стејт, 1970г

sl02

3. Тич Кванг Даг се запалува себеси во протест против владата на Дием во јужен Виетнам – слика која го шокирала светот во 1963г.

sl03

4. Хорас Грисли стои зад бодликавата жица, стоички соочувајќи се со озлогласениот нацист Ханјрих Химлер.

sl04

5. Фотографијата со спасено бебе стана симбол на надеж по цунамито кое ја погоди Јапонија во 2011.

sl05

6. Најпознатата сцена од протестот на плоштадот Тиананмен во Кина, 1989г. Луѓето протестираа борејќи се за демократија, а човекот на фотографијата се испречи сам пред тенковите на опресивната комунистичка власт.

sl06

7. Тери Гарола се среќава со нејзината ќерка по служење во Ирак.

sl07

8. Кога на ова девојче кое пораснало во концентрационен логор ѝ кажале да нацрта „дом“ на таблата, го нацртала ова.

sl08

9. Сликава од 1993г. на која се гледа како мршојадец демне изгладнето девојче го привлече вниманието кон гладот во Африка.

sl09

10. Светски познатата сцена од Шпанската граѓанска војна на фотографот Роберт Капа.

IF

11. Руски војник свири на пиано во Чеченија, 1994г.

sl11

12. Гробовите на маж и жена, тој протестант, а таа католичка, поврзани над ѕидот кој ги дели католичките и протестантските гробишта.

sl12

13. Пеле и Боби Мур се поздравуваат на крајот на Светскиот куп во 1970.

sl13

14. На оваа фотографија се прегрнуваат ветеран од војната во Ирак и преживеан од нападот врз Перл Харбор.

sl14

15. Моментот во кој Џек Руби го убива Ли Харви Освалд, атентаторот на Џон Кенеди.

sl15

16. Уште една фотографија на Роберт Капа, овојпат од Денот „Д“ во Нормандија.

sl16

17. Зајдисонце на Марс, слика направена од роверот Спирит.

sl17

18. Член на мисијата Аполо 11 ја снимил првата успешна мисија на месечината.

sl18

19. Кога училиштата во Северна Каролина, САД престанале да бидат расно подвоени, афроамериканските ученици и студенти на патот кон училиште морале да се справуваат со малтретирањето од страна на белите соученици и граѓани. На сликава подолу, Дороти Каунтер си го пробива патот кон училиште и покажува дека е над омразата која ја опкружува.

sl19

20. На 6. мај 1937г. се запали цепелинот Хиндербург, резултирајќи во една од најголемите катастрофи во воздушниот сообраќај.

sl20

21. Жртви од торнадото во Алабама во 2012г.

sl21

22. Во 2008 година жителите на Хаити беа погодени од тропската бура Хана.

sl22

23. Сликата на Тимоти О`Саливан од боиштето крај Гетисбург е наречена !„Жетва на смртта“ и ги прикажува животите жртвувани за време на Американската граѓанска војна.

sl23

Сподели на Facebook
пати видено