Дали некогаш сте се запрашале како би изгледала вашата омилена славна личност кога многу би се здебелила? Наместо да се прашува, 20-годишниот шпански уметник Давид Лопера почнал да изработува фотошоп верзии на фотографиите на неговите омилени славни личности, додавајќи им повеќе облини со помош на омилениот софтвер за манипулација со слики. Набргу почнал да добива побарувања од мажи и од жени да направи дебели верзии од нивните идоли. „Ема Вотсон, Џенифер Лоренс и Ким Кардашијан се најпопуларните нарачки кои сум ги добил. Овие жени изгледаат многу подобро кога се дебели“ – изјавил Лопера за Дејли Мејл.
Уметникот верува дека неговиот проект помага во промовирањето на поздрав телесен изглед и самодоверба потсетувајќи ги луѓето дека е сосема во ред да се биде елегантно пополнет. Други пак веруваат дека го прави токму спротивното, дека ги исмева и славните, а исто така и дебелите жени. Што мислите вие за овој негов контроверзен проект?
Џенифер Лоренс
Ким Кардашијан
Кети Пери
Мишел Киган
Ема Вотсон
Беки Линч
Пак Шин Хе
Карли Реј Џепсен
Габриел Моник
Хилари Даф
Карен Џилиан
Изи Азалеа