Еден сончев ден во Флорида станал многу необичен откако соседите забележале дека им дошле неколку полицајци во маалото и набљудуваат сив автомобил кој се врти во круг.
Но, кога сфатиле што се случува сите скоро заплакале од смеа. Полицијата можела само да стои и да се надева дека „неискусниот возач“ ќе реши да застане во одреден момент.
Еден од соседите се вратил дома со своето куче на совозачкото седиште и на неколку минути излегол надвор од ватомобилот. Тогаш неговиот црн лабрадор сфатил дека тоа се неговите 5 минути на слава и решил да се провози со автомобилот. Сѐ уште не се знае како кучето успеало да тргне во рикверц и да управува со автомобилот, но во оваа положба останал околу еден час.
Соседката Ана Сабол била една од луѓето на кои целата ситуација им била и повеќе од смешна. За среќа кучето не повредило никого, осбен што турнало поштенско сандаче и канта, или што би рекла Ана: „Подобар е од некои возачи денес.“ На крајот кучето одлучило да излезе од автомобилот и си мафтало со опавчето, задоволно од возењето.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.