Се запрајвме муабет со брачедми од Америка на скајп, има ќерка една години па ми кажваше какви циркузи му прај низ куќа. Манавме по неколку пива па се зазборавме и за нашето детство. Разговорот течеше вака:
Тој: Во 89-90 почнав во градинка, ги памтам уште првите деној, имаше еден тон играчки.
Јас: 89-90 памтам дека НЕ ме носеа в градинка оти се плаќаше нешто минимално, ме чуваше баба ми, а старата држава се распаѓаше, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: Го памтам првиот училишен ден во 91.
Јас: Еј тогаш беше првиот референдум тука, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: Во 1995 ја имав првата симпатија.
Јас: Памтам атентато на ќиро беше таја година, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: Во 99 го имав првиот бакнеж со една школска.
Јас: 99 Македонија го призна Тајван, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: Во 2001 имавме полуматурска забава, беше забавно цела ја памтам.
Јас: Во 2001 војната беше катастрофална, многу од масакрите ги памтам, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: Во 2004 го имав првиот секс.
Јас: Во 2004 го памтам вториот атентат, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: 2006 се запишав на факултет и почнав самостоен живот.
Јас: На избори победи грујо и 10 години не клецаше како шо сака, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: Во 2012 дипломирав па запишав магистерски студии.
Јас: Еј да во 2012 беше црниот понеделник, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: Во 2015 се женив и тогаш почнаја сериозните проблеми во животот.
Јас: Е тогаш заев почна да ги објавува прислушкуваните разговори, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: 2018 ми се роди ќерка.
Јас: Тогаш грујо избега од Македонија, сите беа во солзи и на антидепресиви..
Тој: Оваја година ја сменав работата и земам дупло поќе плата..
Јас: Оваја година го сменивме името на државата и станавме уште поголеми бедници, сите сме во солзи и на антидепресиви..
Фала ви многу вмро и сдс шо ми овозможивте вакво секојдневие во манкидониа, македонија или северна како и да ја кажите, според мене вистинското име е депонија.
Автор: Битолски Ропак