Тоа е еден од најважните делови на човечкото тело, на којшто секој од нас го должи своето постоење. Сепак ретко се зборува за женскиот полов орган надвор од контекст на шеги и невкусни коментари.
Дури и во 2019 година разговорите за вагината се сметаат за срамни и според некои општествени норми треба да се избегнуваат. Сепак на некои луѓе им текнало да направат музеј за овој важен орган.
Влезете во музејот Вагина, првиот музеј од „тули и малтер“ посветен на информирање на јавноста за женската гинеколошка анатомија. Со отварање на вратите денес, овој музеј со седиште во Лондон ќе го обезбеди малку потребното образование за овој најинтимен дел.
Отварањето на овој музеј не треба воопшто да биде чудно ако земете во предвид дека има музеи за сѐ и сешто. И секако има потреба од „големите умови“ зад Вагина музејот да ја споделат својата мудрост , со тоа што Британците се покажаа малку изгубени кога станува збор за навигација во оваа лична област.
Загрижувачки, истражувањето на YouGov од март 2019 година, откри дека над половина од Британците не можат да ја објаснат функцијата или видно да ја идентификува вагината (52%), лабиите (47%) или уретрата (58%). Овие бројки го поставуваат прашањето, како можете да уживате во задоволувачки се*суален живот, ако дури и не знаете со што си имате работа?
И жените не се нешто подобри. Според истражувањето „Ева Апелас“ на жени од 16 до 25 години, откриено е дека 65% имаат проблем кога користеле зборови како „вагина“ или „вулва“. Таквиот срам има последици над руменилото. Исто така истражување од 2017 година откри дека повеќе од една четвртина (26,7%) од британските жени на возраст меѓу 25 и 29 години чувствуваат срам да одат на гинеколог.
Музејот Вагина е основан благодарение на над 1.000 донатори кои ја понудија својата поддршка преку исклучително успешна кампања за собирање пари. Дарежлив вкупен износ од 50 000 фунти бил собран, покажувајќи ја страста што ја имаат многу луѓе ширум светот за оваа „кауза“. Во музејот често ќе има изложби, на различни теми поврзани со половиот орган.