Новите мајки и татковци ќе пробаат секакви трикови да го натераат бебето да спие неколку скапоцени часови. За жал, бебињата не се секогаш подготвени да соработуваат.
Иларни Кларк, од Сандерленд, која станала мајка за прв пат барала начини како да го натера нејзиниот син да заспие. Таа му дозволувала да се игра со нејзината коса и тој така заспивал. Сепак ова ѝ донело на 22-годишната мајка многу главоболки и таа морала да смисли план Б.
Откако разговарала со пријателките на интернет рецепционерката одлучила да контактира фризер и од него да земе од оние кукли кои имаат само глава и служат за вежбање на фризерите во правењето фризури.
Куклата имала многу слична коса со Иларни и му ја давала потребната утеха на бебето Хари, додека неговата мајка ја добивала посакуваната пауза.
За жал за Иларни, овој план функционираше и премногу добро. Наскоро 14-месечното бебе станало опседнато со главата од кукла. Тој сега јаде, спие и инсистира да биде со неа насекаде. Доколку Иларни се обиде да му ја земе детето вришти и плаче и не престанува доколку не му ја вратат „Баба“ (така ја нарекува куклата).