Прекрасен лабрадор по име Фреди го спасува животот на неговата сопственичка, секој ден, иако не е специјално тренирано куче за вакви намени.
Луси Браун била дијагностицирана со не-епилептично нарушување со напади на почетокот на оваа година, состојба која предизвикува мозокот случајно да се „исклучи“, а страдателот да изгуби контрола врз екстремитетите.
20-годишната девојка може да претрпи и до 100 напади на ден, а како резултат на нејзината дијагноза Луси мораше да се откаже од својата работа и да ја напушти куќата што ја делеше со своето момче за да се пресели назад со нејзините родители, за да можат тие да внимаваат на неа доколку добие напад.
Сепак, кога нејзините родители се на работа, поранешната негувателка се потпира на нејзиното верно куче Фреди, за да внимава на неа. Лабрадорот не добил повеќе обука од просечното милениче, но секогаш кога Луси доживува напад тој ја лиже и ја удира со шепите додека не ја освести.
20-годишната, од Ворингтон, Чешир, опишува како кучето ѝ помага: „Не можам да се сетам на првиот пат кога тој ми помогна. Но, од она што ми го кажаа тој само се затрчал кон мене почнал да ме лиже и ме гушкал и тапкал со шепите. Тој го прави она што го прават кучињата спасувачи, но никогаш никој не го тренирал за тоа.“ Таа вели дека Фреди го добила уште кога бил мало кученце и дека имаат силна врска, а тој е и причината зошто се вратила дома, бидејќи знае дека тој ќе ја заштити.
Луси доживеала благи напади во нејзините средни тинејџерски години и иако исчезнале додека стареела, тие се вратиле на почетокот на оваа година, станувајќи потешки и почести. Лекарите првично верувале дека има епилепсија, но тестовите на крајот доведоа до нејзино дијагностицирање на НЕАД. Нападите изгледаат како епилептични напади, но тие не се предизвикани од електрична активност во мозокот.
Се смета дека состојбата е одговор на мозокот на огромниот стрес, но NEAD е малку разбран и затоа може да има и други причини. По дијагнозата Луси паднала во депресија и престанала да контактира и со најблиските пријатели. Таа не може ниту сама да се капе поради честите напади. На ден има најмалку 10 напади.