Кога купувате стан или куќа дефинитивно сакате да ги знаете претходните сопственици и дали зад историјата стои некоја морничава или трагична приказна.
Сепак една жена реши да се пошегува на оваа тема откако го продала станот на новите сопственици. 38-годишната Тина ги насмеа следбениците на социјалните мрежи откако објави што им спрема на луѓето кои ќе се вселат.
Таа направила лажна сцена од убиство, со „крв“ и исцртано мртво тело со креда. Изненадувањето го сокрила под тепих и сопствениците брзо ќе го откријат бидејќи станот е во процес на реновирање.
Мајката на две деца од Охајо користела обична креда и боја на бетонот за да го направи „местото на злосторството“ во сред дневната соба.
Тина вели дека според неа ова е безопасно и смешно и се надева дека и новите сопственици ќе мислат така. Таа вели дека не е злобна, туку едноставно видела вакво слично меме и решила да го примени во реалниот живот. Сепак сѐ уште не ја знаеме реакцијата на новите сопственици.