Секоја годишнина од свадбата е импресивна пресвртница, но успешно остварување на над 80 години брак е многу редок настан кој само неколку парови на оваа планета ќе можат да си го „дозволат“.
Џон и Шарлот Хендерсон наскоро ќе можат да се пофалат со ваква прослава. Тие се запознале во далечната 1934 година и го „урнаа“ Гинисовиот рекорд за најстарата жива двојка.
Тие се венчале за време на Големата депресија во декември 1939 година, пет години откако се запознале. Заљубениот пар се запознал кога и двајцата студирале на Универзитетот во Тексас. Џон бил фудбалска ѕвезда, а Шарлот учела за професорка. За нивниот меден месец тие престојувале во хотел кој чинел само 7 долари.
Двојката ќе ја прослави 80-годишнината од свадбата на 15 декември, но сега можат да уживаат и во поставувањето на новиот Гинисов рекорд. Со комбинирана возраст од 211 година, Џон 106 години „млад“, додека сопругата Шарлот има 105 години, што ги прави најстарата жива двојка во светот; титула што ќе ја задржат до крајот на животот.
Нема сомнежи дека и нивната љубов подлежела на искушенија низ текот на животот, но парот реши да ја сподели нивната „тајна“ за среќен брак. Според нив, тие успеале да траат 80 години затоа што живеат во „умерени количини“ и секогаш се срдечни еден кон друг. И Џон и Шарлот сѐ уште се многу здрави, а пред 10 години се преселиле во селото Лонгхорн, заедница за живеење на постари лица поврзана со алумни клубот на Универзитетот во Тексас.
Новиот светски Гинисов рекорд не е единственото достигнување, бидејќи Џон ја носи и титулата најстариот жив поранешен фудбалер на Универзитетот во Тексас. За последните 84 години, 106-годишниот играч ја поддржува традицијата да присуствува барем на еден фудбалски натпревар Лонгхорн секоја сезона.