Чу Шенкаи од кинескиот град Кјантао неодамна го прослави својот 34-ти роденден. Мажот има широки рамена, нормален раст, но во лицето изгледа како шестгодишно дете. Зошто е тоа така?
Се испостави дека кога имало 6 години, момчето играло на улица со децата од маалото и ја удрило главата на камен. Ударот бил силен и после тоа тој цели 3 дена лежел во кревет со треска и висока температура, по што бил однесен во болница и му била направена итна операција.
Операцијата поминала добро, работите се средиле, семејството заборавило на старата повреда, но после три години повторно се сетиле – во споредба со другите врсници, тој изгледал многу мал.
По ново испитување, се покажа дека хипофизата на Чу, која произведува хормон за растење, е оштетена. Дури и по 28 години, тој изгледа како мало момче: нема брада, нема мутација на гласот, а пубертетот воопшто не дошол.
„Не можам да се оженам и да имам деца“, признава мажот. Иако докторите се немоќни да влијаат на неговата состојба, Чу си нашол светла точка во неговата трагична судбина: „Сите мои пријатели еден ден ќе станат збрчкани, а јас ќе бидам засекогаш млад“.