Актерот најпознат по неговата улога во Матрикс и вечната младост вешто го криеше својот приватен живот од новинарите и скоро никогаш не искажуваше љубов во јавност.
За време на неговата 35-годишна кариера бил поврзуван со актерката Сандра Булок, но неговата најпозната врска беше со покојната Џенифер Симе. Сепак по 20 години тој реши да се појави во јавност држејќи ја за рака својата сегашна девојка на LACMA Art + Film Gala, во Лос Анџелес.
Она што многу луѓе го забележале на прв поглед е дека Кијану има многу постара партнерка од него. Но, во реалноста не е така. Уметницата Александра Грант има 46 години, а Кијану има 55 години, што значи дека таа е скоро една деценија помлада од него, но луѓето скоро и да не го забележаа тоа.
Иако ова може да биде нивно прво официјално излегување, тие се познаваат веќе подолго време. Во 2011 година, тие соработувале во првата книга на Ривс, „Ода до среќа“ која ја илустрирала Грант.
Тие се здружиле повторно за книгата „Сенки“ на Ривс од 2016. Исто така биле фотографирани од папараците додека биле на вечера во октомври.