Откажувањето од пороците може само да доведе до посреќен и поисполнет живот. И покрај тоа што можеби не ги гледате промените од ден на ден кога се откажувате од пиење алкохол, тие се многу очигледни за другите.
Една од работите што може да ве мотивира е документирање на промените и разгледување на фотографиите една до друга.
Овие последните три години, Кени Д. реши да го евидентира неговиот пат во откажување од алкохолот. Промените во првиот месец се веќе огромни и тој е скоро непрепознатлив во последните фотографии.
„Се сликав себеси на денот кога ја добив мојата прва монета за трезвеност, 24 часа трезен. Се чувствував толку лошо и изгледав толку лошо, сакав да го запомнам моментот за да не заборавам. Денот кога ја добив мојата 30-дневна монета, мислев дека мојот изглед драстично се смени, па направив уште една фотографија.“, вели Кени.
„Ми се допадна да им покажам на моето семејство и пријатели рамо до рамо разлика од 24 часа и 30 дена за да ја покажам промената.“, вели 37-годишниот Кени, кој работи како инженер за железнички пруги.
„Секако, тие беа скептични затоа што последните неколку години ги поминав тероризирајќи го семејството и пријателите додека бев пијан. “, вели Кени, кој секогаш се фотографирал штом ќе добиел паричка и го чекал вистинскиот момент да им ја покаже целосната разлика на своите најмили.
По една година тој ја објавил „пред и потоа“ фотографијата на социјалните мрежи и не очекувал дека ќе добие толку многу пораки за поддршка и дека толку многу луѓе ќе му побараат совети како да престанат да пијат, или пак како да им помогнат на своите блиски во битката со алкохолизмот.
Кени почнал да пие уште кога бил на факултет, но работите станале посериозни пред 10 години. Претходно пиел од 12 до 24 пијалоци на вечер.
Освен што се подобрило неговото психичко здравје и повеќе не се онесвестува по 3-4 дена во станот, Кени открил и ново хоби, сликањето. Почнал да се храни здраво и ослабнал 34 килограми. Патувањето на овој човек е навистина неверојатно, но и треба да служи како предупредување каде може да се однесе „една по една“ чашка алкохол.