Жена која се „омажила“ за дух на 300-годишен пират, го продава портретот на нејзиниот поранешен сопруг, откако таа била принудена да го избрка духот со егзорциам.
Аманда Голем го запознал духот Џек Тиг и по две години пловела во меѓународните води за да го венча на море користејќи духовен медиум.
Но 45-годишната жена вели дека духот на пиратот, кој личи на Дони Деп, предизвикувал да биде физички болна и таа морала да изврши егзорцизам за да се ослободи од неговиот злонамерен дух. Сега Аманда вели дека сака да се ослободи од сѐ што му припаѓало на Џек вклучувајќи го и портретот кој го нарачала за него пред 5 години и кој би можел да биде опседнат.
„После егзорцизмот, многу работи беа изгорени, но не можев да да се ослободам или да ја изгорам сликата, таа дефинитивно е опседната. Продолжив понатаму и знам особено во овој период од годината, некои луѓе собираат вакви предмети, па наместо само да ги уништам, повеќе би сакала да одат кај некој што ги сака“, вели Аманда.
Аманда сликата ја чува во магацин далеку од неа бидејќи се плаши дека нејзиниот „поранешен сопруг“ повторно ќе се обиде да ја убие. „Повикав тим за паранормалното во времето кога бевме во брак и тие искористија ЕМФ (електромагнетна сила) за да видат дали има енергија и тие ја одбраа сликата. Кога ќе ја погледнете оваа слика, има очи што изгледа како да ве следат низ собата и ви се разладува ‘рбетот кога ќе ја погледнете.“, додава Аманда.
Сепак таа вели дека нејзиниот дух Џек не наликува физички на Џони Деп, бидејчи духот е црнец, но таа барала слика за да се искаќат карактерните особини и пиратот Џек Спероу од Пиратите од Карибити совршено ѝ одговарал, а според неа и нејзиниот Џек „многу се приврзал за сликата.“