Бродот „Iron Scow“, може да се најде на канадската страна на Нијагарините водопади. Иако тој сега е атракција со интересна приказна, во 1918 година не им било баш интересно на патниците кога изгубил контрола и се заглавил во водопадот. За среќа по драматично спасување, немало загинати.
Урнатините оттогаш станаа клучен дел од фолклорот што ги опкружува водопадите бидејќи бил заглавен во карпите на врвот еден век, без да падне од работ.
Меѓутоа, силното невреме за Ноќта на вештерките го започна падот на „Iron Scow“, бидејќи дождот и ветровите создадоа силна струја во реката, што пак предизвика бродот да се пресели за прв пат од заглавувањето. Официјални лица од парковите Нијагара откриле дека бродот завршил повеќе од 50 метри низводно од вообичаената позиција.
Кога чамецот се заглавил во 1918 година, мажите кои се наоѓале на „Iron Scow“ морале да ја отворат долната врата на бродот со цел да го заглават кај карпите и да го спречат да заврши преку работ на водопадите. Потребна била помош од полицијата во „Нијагара паркови“, од пожарникарите во Нијагара и полициските оддели, крајбрежната стража на САД и ветеранот од Првата светска војна за да ги спасат.
Бродот сега одмара близу до работ на „Потковица водопадот“, најголемиот од трите Нијагарини водопади. Главниот извршен директор на Нијагара водопади, Дејвид Адамс, увери дека властите ќе бидат известени доколку има поголема можност бродот да падне за да може да се преземат мерки на претпазливост за туризам.