Една медицинска сестра од Џорџија го спаси животот на 27-годишен аутистичен човек со тоа што го посвои, за да може да се најде на списокот за трансплантација на срце.
Кога Лори Вуд (57 години) беше назначена за случајот на Џонатан Пинард минатиот декември во болницата Пиемонт во Џорџија, неговите денови беа одбројани.
Трансплантација на срце беше неговата единствена шанса за преживување, но тој не беше квалификуван поради одреден строг услов за трансплантација, кој инсистира дека примателите мора да имаат некој да се грижи за нив по операцијата. „Џонатан беше многу болен, но тој не беше квалификуван за трансплантација затоа што немаше систем за поддршка“, вели таа.
Кога се запознале, Пинард бил во и надвор од болницата неколку месеци. Кога не бил во болница, живеел во засолниште за мажи. Тогаш Лори се одлучила на еден храбар чекор. Таа решила да стане легален старател на Џонатан давајќи му поддршка што ќе му треба за да се квалификува на списокот за трансплантација.
„Морав да му помогнам. Немаше друга надеж. Тој ќе умреше без трансплантација“, вели Лори. Поради големиот број на луѓе на списоците на чекање за донирани органи, владини и непрофитни агенции кои олеснуваат трансплантација имаат темелен процес за проверка на можните приматели.
За време на тој процес, пациентите се проценуваат за да бидат сигурни дека ќе бидат згрижени после трансплантацијата, за да се намали ризикот од потрошен орган на донатор. Вуд изјави дека „не знаела ништо“ за Пинард кога го замолила да му биде законски старател и го поканила да се пресели во нејзиниот дом.
Таа ги следи лековите на Пинард, осигурувајќи се дека ги зема сите 34 апчиња што му се потребни секој ден и го носи на сите состаноци со неговиот лекар.
Џонатан вели дека таа се однесува исто како и со нејзините синови. Таа исто така помага да ги научи животните вештини за да може да живее самостојно во иднина и работи на подобрување на неговите финансии.