Групните разговори се супер удобен начин за луѓето да можат да комуницираат брзо и лесно, без разлика дали се семејство, некои пријатели, спортски тим или само еден куп луѓе што сакаат иста ТВ-емисија. Сепак понекогаш работите можат да тргнат наопаку, може да има една личност која постојано ќе пишува и ќе ги нервира сите, или пак едно лице кое никогаш не враќа, но гледа сѐ, а дури може да се случи во разговорот да се стави и личност која воопшто никој не ја познава и не припаѓа таму.
Замислете колку се изненадил Боби кога се нашол во најважниот момент во едно семејство. Захари и Сиера Гарат се подготвувале да го донесат на свет нивното трето дете па Захари направи група да го сподели драгоценото искуство со најблиските и најмилите. Излегува дека бабата на Захари, која тој ја нарекува „Мемеу“, случајно го додала Боби, кој случајно го има претходниот број на Захари од пред да се приклучи на Воените сили. Еве го преведениот разговор: