Рони Фостер веќе бил премногу среќен кога се упатил на последниот третман со хемотерапија. Фостер, од Пинк Хил, Северна Каролина, се бори со карцином на дебелото црево.
Додека излегувал од блоницата каде што го имал последниот третман тој веќе го живеел најсреќниот ден од животот. Но, среќата знае да се насмевне во вистински момент.
Додека одел кон болницата решил да го испроба неговиот „среќен ден“ и си купил лото ливче „Win It All“. Пензионираниот работник во транспорт изјавил дека тој не се надевал на вакво нешто, претходно си купил ливче од 1 долар и добила 5 долари па решил да си ги замени за уште едно ливче од 5 долари, но во последен момент решил во име на последниот третман да се почести со уште едно ливче.
Додека го гребел второто ливче не можел да поверува на очите каков износ изгребал. Рони освоил цели 200.000 долари. „Ги видов сите тие нули и се замрзнав. Не верував во тоа сè додека не му го дадов на службеникот на шалтер за скенирање. Кога се покажа „Оди во седиштето на лотарија“, почнав да се тресам. Не можев да верувам во тоа.“, вели Рони.
Рони вели дека не планира да се расфрла со парите, туку најпрвин сака да ги подмири медицинските трошоци и да заштеди нешто за во иднина.