Еден огромен камен во Омаха, САД, стана популарен благодарение на идиотите кои одбиваат да го заобиколат. Имено жителите од таа област имале проблем со несовесни возачи кои упорно фаќале остри кривини и со автомобилите преминувале преку тротоарот. Првин би помислиле, колку такви луѓе би имало?

Очигледно премногу. Затоа некој од жителите решил да го постави каменот со надеж дека ќе ги спречи. Но, за изненадување на сите имало возачи кои решиле да го игнорираат каменот или пак не го забележале и завршиле во многу „незгодни положби“ со автомобилите. Жителите исто така направиле и Фејсбук група каде што ги објавуваат овие „шампиони“ и им фаќаат сеир. Еве повеќе фотографии од „каскадерите“:

Сподели на Facebook
пати видено