Пациент од Лос Анџелес стана првиот афроамериканец што доби целосна трансплантација на лице, откако чекаше повеќе од една година за лице со соодветниот тен на кожата. 68-годишниот Роберт Челси исто така стана и најстариот пациент за трансплантација на лице по неговата 16-часовна операција во Бостон Бригам болницата.
Роберт – кој е петнаесеттиот човек во САД што поминал целосна процедура за трансплантација на лице – морал да почека подолго од претходните приматели, со значителни напори вложени во изнаоѓање на лице кое би било соодветно за неговиот тен на кожата.
Во 2013 година, пијан возач го удрил автомобилот на Роберт, додека тој бил паркиран на паркинг на автопат, што резултирало неговото возило да се запали. Ова довело до тоа Роберт да претрпи изгореници од трет степен, што опфаќаат над 60 проценти од неговото тело и лице.
Во следните години, Роберт издржал долг и тежок пат за закрепнување. Тој останал во кома шест месеци и поминал година и пол во болница, минувајќи низ серија од 30 операции. Сепак, хирурзите не беа во можност да ги реконструираат усните, левото уво и дел од носот на Роберт, што значи дека се мачел кога станувало збор за јадење и пиење, меѓу другите проблеми. Најмногу го болело што не можел да си ја бакне ќерката во образот.
Првично, на Роберт му било понудено лице во мај 2018 година, но се покажало како несоодветно, бидејќи таа личност имала посветол тен, толку многу што Роберт почувствувал дека ќе наликува на „сосема поинаква личност“, па донел одлука да го одбие.
Тимот кој работеше на „прикачување“ на новото лице на Роберт беше предводен од д-р Помахац и вклучуваше над 45 високо квалификувани лекари, медицински сестри, анестезиолози и соработници од истражувања.
За Роберт се вели дека добро напредува по неговата операција. За само 10 дена, тој може да јаде, да зборува и да дише самостојно. Тој, исто така, наводно, забележал подобрувања во неговиот говор и вид, додека неговата нова кожа започнала да расте влакна на лицето.