– Внучке, каде си го извалка така рачето мори?!
– Бабо, престани да ме триеш со плунка, тоа ми е тетоважата…
– Ало, синооки!
– Ало, кој е тоа? Имате грешка, моите очи не се сини!
– Ти пиши ѝ уште еднаш на жена ми и ќе станат.
Русин слетува во Америка и оди на проверка на пасошот. Полицаецот го прашува:
– Nationality?
– Russian.
– Occupation?
– No, no, just visiting.
– Аjше, нашето Ранду кога ќе порасне, сигурно градоначалник ќе стане.
– Зошто бе Рамче?
– Многу лаже ма!
Зоки Поки го прашува татко си:
– Тато, што е тоа шамар?
– Информација од прва рака, сине!
– Зоки, кога ќе си ја поправиш единицата по математика?
– Не знам, татo! Учителката постојано си го носи дневникот со себе…
– Да ти се плукнам во глупавата свадба. Музиката тапа, храната исто, а за гостите подобро да не зборам. Дај ми го палтото и да си одиме!
– Стој тука пијаницо! Тоа е нашата свадба!
– Леле жено, да видиш денес нашиот син сам стана, сам се облече и сам побара јадење!
– 35 годишниот или поголемиот?
Есен. Еден ловџија паднал во една длабока дупка во планината.
– Боже, кој ќе ме најде тука? Ќе морам да чекам дури до пролетта?
– Абе ти си бил голем оптимист! – рекла мечката.
– А бе комши, цел ден се карате со жена ти, а вечерта бурен с*кс! Која е тајната?
– Па… нема тајна… жена ми е трета смена!