Тие велат дека спротивностите привлекуваат, но овој маж и жена не можеле да имаат уште попоинакви идеали кога станува збор за нивната исхрана.
Инструкторката по јога, Танди Ролен (28) од Веначеј, Вашингтон, е веганка, додека нејзиниот сопруг, ловец и водич за риболов, Мичел Ролен (28) убива и јаде животни.
Но, парот е во среќен брак и покрај нивните разлики – со единствено правило на Танди дека Мичел мора го чува своето месо во гаражата – и сега го одгледуваат својот четиримесечен син на исхрана базирана на растенија. Двојката за прв пат се запознала кога и двајцата имале по 16 години. Танди решила да се откаже од месото откако ја гледала својата баба како умира од рак.
Танди и Мичел се венчале во 2015 година, а еден месец по венчавката Танди станала веганка. Првин нејзиниот сопруг не ја сфаќал, но подоцна почнал да ги гледа работите и од перспектива на неговата сопруга и сега јае месо само од животни кои ќе ги улови со својот лак и стрели.
Нивниот син Брукс во почетокот ќе биде растен на вегански начин и исхрана, но неговата мајка изјавила дека нема да го спречи доколку посака да ги следи чекорите на неговиот татко, ловец. Таа раскажува дека на почетокот ѝ било тешко бидејќи ниту нејзината најдобра пријателка ниту сопругот не ја сфаќале, но сега и таа и тие имаат разбирање за сите желби на луѓето.