За жените кои неодамна се пробале во улогата на мајка, светот драматично се менува, се свртува наопаку. Затоа, не е изненадувачки што некои од нив прават грешки во новото поле, без да забележат дека нивното природно однесување често ги вознемирува другите или ги збунува.
Колку и да сме свесни дека мајката е најважната личност во животот, особено младата популација на мајки ги прави следните работи кои ги вадат луѓето од такт.
1. Душкаат користени пелени во јавност во случај изметот на нивното бебе да е „знак за болест“
2. Ги менуваат пелените на децата на места кои што не се наменети за тоа
3. Ја ставаат во уста паднатата цуцла пред да му ја дадат на детето, не, ова воопшто не е хигиенско решение
4. Го чистат детето со својата плунка како да не знаат за „изумот“ влажни марамчиња и палома
5. Велат „НИЕ“ кога станува збор исклучително за детето
6. Им ја наметнуваат обврската на пријателите да им го држат детето
7. Бараат од соседите постојано да бидат тивки
8. Го покриваат лицето на детето се смајли на фотографијата на социјалните мрежи. Која е тогаш поентата на самата фотографија, ако сакате да го заштитите детето?
9. Спамираат со фотографии од бебињата и нивните „делови од тело“
10. Во описот на социјалните мрежи пишуваат: „Мајка на Тања“ „Горда мајка на Кире“ и сл.
Многу сакате да играте игри, но не сакате да ги симнувате? Мотика има совршено решение за вас. Посетете го каналот Игротека и уживајте во најзабавните игри без обврски.