Селани од селото Нанбаита, провинцијата Шандонг во источна Кина отишле да берат печурки. Ксјао Ксинглу и Жоу Шангдонг слушнале чудни звуци на плач од земјата. Кога решиле да го откопаат плиткиот гроб се шокирале. Во картонска кутија пронашле новороденче.
Бебето веднаш било однесено во болница. Момченцето тежело само 1,5 килограм и страдало од анемија и жолтица, но немало други вродени болести. Откако полицијата го преземала случајот неговите родители биле пронајдени. Тие тврделе дека мислеле како бебето е мртво затоа што наводно според нив престанало да се движи и да дише веднаш по раѓањето и тие решиле да го закопаат во полето во картонска кутија.
За среќа сега бебето е целосно опоравено и е во добра здравствена состојба. Всушност дедото на бебето бил оној кој се јавил во полиција за да признае дека тој и неговото семејство го закопале. Момчето имало брат близнак кој според семејството подобро напредувал и не покажувал никакви здравствени проблеми, но бебето кое го закопале имало проблеми со дишењето и на вториот ден по раѓањето престанало да дише, па го закопале.
Полицијата сѐ уште го истражува случајот во врска со неговите родители и дедо и бебето сѐ уште не е предадено на семејството.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!