4-годишното куче Ралф кое му припаѓа на 7-годишното момченце Камрон Ендрус од Бостон било украдено од пред канцеларијата на неговиот татко на почетокот на октомври.
Малото момченце било разочарано и не можело да спие со ноќи откако му го украле кученцето.
Родителите на Камрон, Стејси Доналдсон и Крег Ендрус, ја известиле полицијата и понудиле награда од 1.000 евра за информации што водат до безбедно враќање на Ралф, сепак Камрон сакал и самиот да придонесе во потрагата за кучето па тој лежел со часови на подот во својата спална соба цртајќи слики од Ралф за неговите постери за барање.
Волонтерите помогнале во барањето на Ралф и во текот на викендот, поддржувачите на Твитер почнале да ги споделуваат рачно нацртаните постери, заедно со хаштагот „BringRalphHome“. По една недела исчекување конечно го добиле повикот кој го чекале и Ралф бил пронајден.
Мајката на Камрон вели дека момчето за малку ќе излезело од прозорецот кога забележало дека му го носат кученцето, а и Ралф ја споделил истата среќа.
Тие велат дека додека било киднапирано кучето не било хрането, а и шепите му биле повредени бидејќи очајно се обидувал да излезе со помош на нив од некаде.