Да се работи како фотограф на животински свет, изгледа како совршена работа. Секогаш сте на авантура, секогаш сте едно со природа, следите и правите прекрасни фотографии на величествени суштества.
Па, 69-годишниот фотограф на дивиот свет, Грен Соуерби од Заливот Витли во Нортмберленд, го живее сонот, фотографира животни, пејзажи и луѓе во Кенија, Танзанија, Крит и Велика Британија.
Тој неодамна стана познат по неговите фотографии кои ги направи од лав. Фотографиите се апсолутно зачудувачки, па не е ни чудо што го привлекоа вниманието на скоро сите.
Тој раскажува дека се преплашил кога од лавот слушнал силно рикање, бил одалечен од него на само 10-15 метри и не знаел што да очекува понатаму, но лавот го забележал па решил да му посочи да се „опушти“.
„Тој рикаше да рече: ‘Јас сум крал на џунглата’ и тогаш не можев да верувам кога тој ми се насмевна и ми кимна како некој што сака да рече дека ме насамарил, како: ‘Хаха!’ Јас веројатно бев оддалечен 10-15 метри и тој беше со лавица, таа минуваше низ поток. Тој беше мирен и тивок и одеднаш го испушти тој крик.“, објаснува Грен.
Фотосесијата се случила минатиот месец во Масаи Мара, Кенија. „Бев навистина среќен со фотографиите, ги погледнав добро кога се вратив дома. Јас редовно одам на овие сафари и навистина уживам да го фотографирам животински свет. Тие пораснале околу сафари, па се навикнале на автомобили и туристи “.
Фотографот ги помина последните 37+ години фотографирајќи го живиот свет, пејзажите, портретите, како и музичките настапи во живо.