Машкото бебе, родено во Москва, Русија, ги шокирало лекарите кога се родило со „вишом делови“. Додека било во матката лекарите забележале дека бебето имало трета нога и за тоа ја известиле мајката.
Но жената од рурален дел од Русија не сакала да направи абортус и решила да го роди момчето.
Тоа се родило со три нозе, два пениса и без анус. Лекарите сметаат дека ова се случило затоа што требало да има брат близнак кој не успеал да се развие во матката.
Веднаш по раѓањето му била направена операција за да добие анус, како најголемиот приоритет. Подоцна му била отстранета и третата нога, а по неколку месеци била направена операција и за отстранување на вториот пенис. Потоа била извршена понатамошна операција за да се постави анусот на детето на точна локација.
Моментално според портпаролот на болницата момчето има 14 месеци и може да се движи и да има нормален живот. Најверојатно ќе му биле потребна уште некоја помала операција, но лекарите велат дека бебето кое се родило по природен пат, ќе може нормално да се развива и да расте.
На почетокот на овој месец исто така се родило бебе на кои му недостасување парчиња кожа и му била извршена пионерска операција на пресадување на ткиво и сега тоа може да биде прегрнато од неговата мајка.