Хелен Робинсон, од Мерсисајд, минатата година ѝ бил дијагностициран карцином на дојка. Откако се изборила против оваа болест, лекарите тогаш откриле дека ракот за жал се раширил на нејзините бели дробови.
Минатата недела 46-годишната жена била преместена во хосписот Свети Јован, каде што треба да ги помине последните денови од животот. Лекарите ѝ кажале дека ѝ преостануваат околу две недели.
Сега нејзиниот сопруг Стивен и пријателите организирале GoFundMe страна за да можат да ги покријат трошоците за погреб и семејството да може да има ран Божиќ. 49-годишниот Стивен, и Хелен имаат седум деца заедно, од кои четири се возрасни, додека најмалите се на возраст од 7, 10 и 13 години. Особено помалите би сакале да го поминат последниот Божиќ со нивната мајка.
Хелен освен што е прекрасна мајка, таа е и прекрасна личност. Работела за неколку хуманитарни организации, а последната била насочена кон децата кои биле сведоци на одреден криминал или злосторство. Таа соработувала со полицијата во врска со смирување на овие деца и обезбедување специјални играчки за таа намена.
Стивен кој скоро 30 години е во брак со Хелен е скршен од самата помисла дека повеќе нема да бидат заедно: „Плачев многу пати бидејќи сме заедно уште од млади тинејџери и таа е љубовта на мојот живот. Го штедев секое пени за Хелен и децата да имаат последен Божиќ каков што заслужуваат.“
Стивен планира да ја уреди просторијата каде што е сместена Хелен во хосписот и да подготви подароци.