– Ало мила, после работа со колегите ќе одиме на пиво!
– Ај повтори, не слушнав добро!
– Велам дека после работа си доаѓам директно дома!
– – – – – – –
Вчера исчистив, измив, зготвив, направив кекс за десерт! А, мојот влегува и ми вика:
– Што си се растрчала ма? Да не те блокираа на Фејсбук?!
– – – – – – –
Преглед кај уролог:
– Години?
– 55!
– Женет?
– Да, веќе 25 години!
– С*кс?
– Да, но докторе, не кажувајте пред жена ми дека уште е во функција!
– – – – – – –
– Комшивке, должам едно честење.
– Зошто бе, комшија?
– Вчера, толку многу викаше по твоето дете, што и моето си ја среди собата и се облече потопло…
– – – – – – –
Знаете ли дека?
Жените се како Windows:
– До оргазмот остануваат 4 минути… 3 минути… 2 минути… 3 минути… 2 минути… 7 минути… 1 минута… 12 часа…
– – – – – – –
Внукот ми вели:
– Дедо дај 500 денари!
– Не ти давам… – му велам.
– Тогаш ќе ѝ кажам на баба дека на Фејсбук си се пишал „вдовец“.
Му дадов 1000.
– – – – – – –
Жената вика налутено:
– Ти воопшто не ме слушаш, кога зборувам!
– Кој?
– Ти!
– Што јас?
– – – – – – –
– Добре бе, колеги, кој последен беше в тоалетот?!
– Јас!
– Вие ли шефе? Колку убаво мириса!
– – – – – – –
– Што, да не си ми нешто лута?
(пишува… пишува… пишува… пишува… пишува… пишува…)
– Не.
– – – – – – –
– Драги, ти направив палачинки, како извинување зошто сношти ја чукнав колата.
– Штоооо си направилаааа?!!!
– Палааачинкиии…