Најчесто зоолошките градини имаат проблем кога посетителите ги хранат животните, но постојат различни традиции кои можат да предизвикаат проблем во зоолошките градини.
Кинезите веруваат дека фрлањето монети кон одредена цел би можело да им донесе среќа или да се ослободат од зли духови. Така тие почнале да фрлаат монети и во живеалиштето на една желка во зоолошка градина.
Затоа работниците таму дошле до „генијална“ идеја. Тие ѝ залепиле корпа на грбот на желката, а исто така ѝ го ставиле и националното знаме, затоа што сепак празник било. Тие си ја ставиле корпата за да можат луѓето да се обидуваат да ја погодат со парички, а и да не се наведнуваат потоа и а ги собираат по живеалиштето.
Африканската желка е една од најголемите во светот. Таа е околу 76 сантиметри во должина и 45 кг во тежина. Луѓето изреволтирани од нехуманиот однос кон животното бараат одговорност од зоолошката градина пред да бидат вмешани властите.