Зголемената популација во многу региони ги тера урбаните архитекти да си ја почешаат главата во обид да направат место за сите. Бидејќи земјиштето е скапо и недостапно, единствената логична опција е да се градат високи структури отколку широки.
Ова решение произведе прилично „слаби“, а понекогаш дури и смешни згради низ целиот свет. Сепак, иако ова може да изгледа како логично објаснување, не секоја зграда е изградена тесна само за да го искористи целиот расположен простор. Како што се испоставува, веројатно најтесната зграда во Бејрут, Либан, била изградена не заради недостаток на простор, туку поради инает на еден човек.
Тенката куќа, која е околу 60 сантиметри во најтесната точка и околу 4 метри на најшироката, се нарекува Ал Баса на арапски јазик што се преведува како „Лутина“. Името на оваа структура укажува на нејзината историја. Според приказната добро позната за локалното население, куќата била изградена во 50-тите години на минатиот век како последица на расправија меѓу двајца браќа.
Браќата ја наследиле земјата од својот татко и не можеле да се договорат како да ја поделат. Ситуацијата се влошила кога дел бил отсечен од разни општински инфраструктурни проекти и еден дел кој припаѓал на едниот брат се намалил и останала чудна форма. Другите браќа не биле солидарни да отстапат дел од своето земјиште па братот смислил план.
Тој изградил тенка, но прифатлива градба. Зошто тој би направил такво нешто? Па, како што се испоставува, големата зграда била во совршена локација за да го блокира погледот од милион долари кон морето, што претходно лесно можел да се види од куќата на неговиот брат. Така ја намалил и вредноста на земјиштето на неговиот брат.
Многу долго време, зградата, која има само два апартмани на секој кат, служела како бордел, а подоцна стана засолниште за бегалци за семејства од војната.