Ејми Вилијамс, од Глазгов, Шкотска, се запознала со нејзиниот „спонзор“, „шугар деди“ или кажете го како сакате, кога на Твитер се пожалила дека има проблеми со парите. За 21-годишната девојка повозрасниот Ричард се појавил како „финансиски ангел“ од никаде.
Студентката по право, објаснува како човекот ѝ понудил да се послужи колку што сака со неговата картичка, а за возврат таа само требала да му направи „мала услуга“.
Ејми вели: „Твитнав дека сум во тесно и дека ми треба шугар деди а тој ми испрати порака веднаш нудејќи ми пари во замена за фотографии од моите стапала. Мислев дека зборува глупости бидејќи има многу такви луѓе на Твитер, па му кажав прво парите и тој ми испрати една од неговите картички за да си купам нешто и јас го направив тоа и функционираше. Како што одминуваше времето, тој почна да ми испраќа пари буквално само за слики од моите стапала и јас ги прифатив што сум сигурна дека секој би го направил тоа.“
Таа си троши од картичката и по 3.000 евра, а пред некое време си купила и облека за пријателките во износ од нас 1000 евра. Студентката вели дека иако сетоа ова е по малку чудно „тоа се само стапала“ и не мисли дека прави нешто лошо.