Изреката „кучето е најдобриот пријател на човекот“ е нешто со кое многу луѓе би се согласиле. Постојат стотици приказни за кучиња чија љубов кон нивниот човек е посилна од која било пречка.
Неодамна, приказната за Лео, куче од Тајланд, стана позната. Неговите сопственици случајно го заборавиле кучето во близина на бензинска пумпа. Од тој ден, Лео никогаш не го напуштил тоа место и стрпливо чекал четири долги години до враќањето на семејството.
Луѓето се обидувале да му помогнат на Лео, тој бил слаб и гладувал. Се чинело дека тој развил некаков вид на кожни заболувања. Една 45-годишна жена по име Саовалак го хранела колку што можела и го однела дома, но секој пат кога Лео бегал од кај неа се враќал на истото место крај патот. Па таа се откажала и почнала да му ја носи храната до местото покрај патот.
Друг загрижен граѓанин по име Анучит Унчароан излегол на социјалните мрежи за да се обиде да ги пронајде сопствениците на Лео. Во својот пост, тој поставил неколку фотографии и потенцирал дека кучето 4 години го чека својот сопственик.
За среќа „магијата“ на интернетот функционирала и семејството на кучето било пронајдено. Тие контактирале со Анучит Унчароен и му рекле дека Лео изгледа како Бон Бон – кучето кое го изгубиле пред четири години во 2015 година. Семејството се обидело да го бара своето куче откако сфатиле дека исчезнало, но не успеале да го пронајдат и го претпоставиле најлошото.
Бон Бон бил навистина среќен што го видел своето семејство, но изненадувачки не сакал да ги следи дома. Се чинело дека тој решил да остане со жената што се грижела за него во последните четири години. Семејството ја поддржало одлуката на Бон Бон и му дозволило да остане со Саовалак. Семејството ветило дека ќе помогне да се грижи за Бон бон, ќе доаѓаат во посета и ќе ги плаќаат сметките за ветеринар.