Арон (тој не им го дал презимето на новинарите), од областа Вудлендс во Тексас, е искусен столар и производител на мебел. Но, и покрај 20 години во индустријата, еден од неговите електрични алати скоро ќе го чинел неговиот живот.
Несреќата, наводно, се случила додека столарот правел полици за ѕид и во еден момент пиштолот за шајки му се заглавил. Тогаш тој се обидел да го одглави, но пиштолот одеднаш испукал шајка од 8 сантиметри во градите.
Арон го привлекол вниманието на неговиот соработник Брајан, кој тогаш ја повика сопругата на Арон, Лиз. Жената му кажала да спушти и веднаш да повика брза помош.
Арон вели дека во тој момент помислил дека ќе умре. Д-р Тимоти Хоџис, лекарот кој го спасил и кој ги познавал и Арон и Лиз пред несреќата, вели дека тој останал фокусиран во операционата сала да го одржи Арон жив, и покрај лошите околности.
И покрај најчестата препорака дека при убодна рана предметот не треба да се вади Д-р Тимоти вели дека Арон најверојатно си го спасил животот бидејќи решил да ја извлече шајката. За среќа Арон е добро и повторно си ја врши својата работа, но овој пат многу повнимателно.