На сите ни е најважно нашите родители да бидат со нас на ваков важен ден како што е венчавката. Сепак за жал некои луѓе не успеваат да го доживеат овој момент. Голем број на родители заминуваат прерано од животите на своите деца и поради тоа има голема празнина на нивниот најважен ден од животот.

Сепак Шарлот Волтон мисли дека го пронашла најсоодветниот начин нејзиниот татко да „биде со неа“ на денот на венчавката.

Таа го изгубила нејзиниот татко во април оваа година, неколку месеци пред венчавката со свршеникот Ник. На нејзиниот татко му бил дијагностициран карцином на простата, кој се ширел на неговите лимфни јазли и коски. 26-годишната девојка отсекогаш сонувала татко ѝ да ја однесе до олтарот и била скршена кога сфатила дека тоа нема да се случи.

Нејзината братучетка, Кирсти, знаела колку Шарлот сакала татко ѝ Мик да биде со неа и ѝ предложила идеја пепелта на нејзиниот татко да ја „вгради“ во ноктите и така да го „носи со себе“ на венчавката. Шарлот ја опишува Кирсти како „кралица на ноктите“ и сметала дека идејата е „неверојатна“ и „навистина слатка“.

Шарлот опиша како пепелта на нејзиниот татко се вметнува во нејзините акрилни нокти и поради тоа се чувствувала како Мик да ја држи за раката, додавајќи: „Знаев дека не е исто како тој навистина да е таму, но беше најблиску колку што можевме да добиеме“.

Некои од гостите на Шарлот ја прашале што планира да прави со ноктите кога ќе ѝ испаднат, а таа одговорила дека ќе ги собере сите и ќе ги врами, за да ги постави некаде во својот нов дом. Некои ја делеле мислата со Шарлот дека нејзиниот потег е мил, но некои сметаат дека овој начин на оддавање почит е бизарен. Што мислите вие?

Сподели на Facebook
пати видено